Викендот кој помина нашите битолски мотокросисти извојуваа вкупно пет први места на овогодинешната прва локална трка од националниот шампионат на Македонија која се одржа во близина на Прилеп, Стато Лагово.
Нашиот 15-годишен Антонио Дамјановски како дебитант во оваа класа во двете трки по одличната борба со турскиот претставник Батухан Демирол успеа да дојде до две победи, а во класите МХ 65 и МХ 85 како први извозија исто наши битолчани Стефан Ѓоргиевски и Огнен Тодоров.
Уште еден наш битолчанец Зоран Каранфиловски Ќаме го освои првото место на двете трки во МХ, додека Христијан Илиоски Кико издоминира во другите две трки класа МХ 1 освојувајќи го првото место. Второ место единствено освои нашиот сограѓанин Алексеј Стојковски во две трки од класата МХ 85.
На трката имаше бројни натпреварувачи, мотокросисти од Турција, Бугарија, Романија и Италија.


















