ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНКАТА АНЕТА ПАВЛОВСКА СУДЕШЕ ОЛИМПИСКО ФИНАЛЕ

Покрај нашите шест спортисти, неколку судии ја делат правдата во Париз, а вчера бше посебен дел за еден од нив.

Битолчанката Анета Павловска ја продолжи својата бајка како тениски судија и ја делеше правдата како линиски судија на женското финале меѓу Женг и Векиќ.

Павловска мина повеќе од еден час на „Филип Шатрие“ и ја продлабочи својата олимписка приказна.

Имено, Павловска судеше во машкото финале во Токио, а сега беше дел од женскиот меч за златен медал.

Во нејзината биографија стои дека судела на финалето на Ролан Гарос 2023, во кое играа Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, но и двете машки полуфиналиња на Вимблдон 2023 година.