ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНКА ЗА ГРАДЕЊЕТО ВО КАСАРНАТА – КАЛ,КАМЕЊА,НЕЧИСТОТИЈА

Битола е градилиште. Различни инвеститори градат нови станбени згради, надградба на приватни куќи, се гради се и сешто.

И, многумина може да го имаат впечатокот дека во процесот кој-кај-стигнал-оставил  и како што стигнал извалкал. Таков е впечатокот на наша сограѓанка која во автомобилот „Глас на градот“ на ТЕРА остави свое согледување за градилиштата во касарната.

„Се удајвме во  кал и прашини, градежните фирми во касарната не ги почитуваат законите. Камионите кои носат земја од градилиштата ги прават секојдневно улиците со кал и камења.“ – пишува нашата сограѓанка на прашалното ливче што го даваме во спроведувањето на иницијативата „Глас за градот“.

 

Првиот влез во населбата од било која страна може да ве увери дека во  просторот интензивно се гради – градат сите,и јавни државни претпријатија и општината и физички лица.  Синоќешните врнежи од дожд не придонесоа во големо чистење на ниту една  улиците  на кои се гради ниту пак од улиците кои сега се градат.  Многу од градежните фирми на различните објекти од различни инвеститори  наместо во градилиштето имаат оставено дел од градежни материјали, или градежен шут на јавна површна – тревник, тротоар или пак зафаќаат дел од сообраќајницата. Багери, камиони, малтерки, се има на  коловозот, и шлепер кој не е нужно поврзан со градежната оператива.  Ова се провлекува со години, вели нашата соговорничка „ во  лето прашина, вака на есен калој“, вели жителите на новата населба којашто пред десетина години ја нарекоа „Златен град“ не е златна.

Го проверивме и нејзиното мислење дека се работи противзаконски.

За да се добие дозвола за градење во нашава држава се следи постапка утврдена со Законот за градење.  Освен техничката документација, и различните дозволи кои треба да се имаат, градежното претпријатие треба да ја ограничи и обезбеди својата градежна парцела. Доколку мора при градежниот процес да користи јавна површина, или пак улица, треба да побара дозвола за користење на јавна површина – барање коешто во себе содржи објаснување за потребатаа, материјалот што ќе го одлага и времетраењето ас користењето на површината. Доколку пак се работи за користење на дел од френквентна сообраќајница, потребно е барање за формирање посебен сообраќаен режим што исто така содржи оправдување и времетраење, а дозволата ја дава МВР. Спротивното работење е надлежност на комуналните инспекции кои најпрвин опоменуваат, а потоа и санкционираат.

Законите немаат прецизирано што доколку градежните компании прават„ кал и камења“ на секој утовар и истовар на градежен материјал, но според Законот за јавна чистота , јавните површини треба да бидат безбедни и проодни, а според Законот за безбедносњт на патишта (ЗБСП): – „Ако материјалот насино го блокира коловозот или ги попречува возилата и пешаците, ова може да се смета за прекршок под овој закон.“

Според Законот за јавна чистота тоа е надлежност на комуналната инспекција.

А тоа подразбира дека луѓето избрани да ја водат општина Битола во следните 4 години ќе треба да се позанимаваат и со овој проблем.

Затоа што не е само во Касарната, и е нешто од кое многумина се  „сопнуваат “ секојдневно.