Еден од најголемите светски хитмејкери на сите времиња, Брајан Адамс, во неделата во Скопје одржа ексклузивен концерт за само 2.500 посетители во СЦ „Јане Сандански“, во организација на „Авалон”. Иако од страна на организаторот беше најавено дека концертот ќе трае 90 мин, но на крај испадна самиот концерт да трае речиси два часа.
Од таборот на Авалон продукција за концертот на Брајан Адамс за Тера телевизија зборуваше Миа Милошеска.

“Концептот на оваа турнеа се влече од албумот Бер Бонс, кој што е акустичен албум, е концепт и турнеа кој што Брајан многу ретко го свири, така што неговите фанови вечерва ќе уживаат во неговиот настап”, рече Милошеска.
Настапот ма Брајан Адамс во СЦ „Јане Сандански“ не беше негов прв концерт во Скопје. Тој исто така со својот бенд за прв пат во Македонија настапи во 2019-та година.

За концертната сезона која само што започна од Авалон продукција најавија навистина жешко концертно лето.
“Пред нас е многу жешко и интересно лето, доаѓаат Масив Атак, кој се враќаат после 15 години повторно во Скопје и се разбира летово го имаме и Ник Кејв, кој што навистина е едно големо и звучно име кој ќе гостува во Македонија”, вели таа.
Нас како Тера телевизија не ни преостанува ништо друго, туку редовно да известуваме од концертите и фестивалите кои ќе се оджат кај нас и во нашето соседство.


















