ТЕРА

REKLAMA???

БРЗО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЗАПОЧНАТИТЕ ПАТИШТА ВО ЛАВЦИ

Граѓаните реагираат на долготрајното реконструирање на улиците во градот, особено тие кои се лоцирани подалеку од централното градско подрачје. Улицата 170 во Лавци не е завршена неколку години иако жителите сведочат дека на улицата се работи.

Наша сограѓанка во возилото на „Глас за градот“ остави белешка. Вели „ Лавчански пат со години се гради. И улиците околу не се реконструирани“. Напиша и за улицата Панде Кајзерот, но, денеска се фокусиравме на Лавчански пат.

Лавчанската населба се наоѓа на западната периферија од градот  на поголема надморска висина, продолжува до селото лавци. Асфалтниот пат, Лавчански пат ,  до селото е стар и истрошен, но функционален. Овде онде се гледаат докази дека животот во ова населено место што е дел од општина Битола секојдневно се одвива со силен интензитет. Дел од патиштата се поплочени со коцка, дел асфалтирани, а еден дел од Лавчанската населба се составен дел од различни програми за реконструирање, дури од 2018 година, кога жителите јавно зборувале за транспортните патишта кои ги има.

Паралелна на Лавчански пат е улица 170. Нашата соговорничка не откри дали баш таму живее, ниту пак денеска кога екипа на ТЕРА снимаше во околината, се јави. Но, реалната слика, како и на снимките покажува – паа, дека патот се гради. Но, се гради повеќе од 2,5 години ни рече еден од мештаните кој сепак не зборуваше пред камерата. И дополни, многу патишта се сега приватни, па неможе да се изградат.

Улица 170 е до фаза тампон и чека асфалтирање, ова лето била поставена канализациската мрежа, водовод – имало од порано.

Но, интригантен е моментот со „приватните патишта„ како што рече, а објасна дека не мисли на пристапен пат до одредена куќа или станбен простор, туку на приватизирана улица.

Повторно законите решивме да дадат одговор на ваквата констатација, за да не бие дискусијата неплодна. Според основните правни принципи на Законот за јавните патишта „Пат” е сообраќаен објект на кој се врши сообраќај; 2. „Јавен пат” е пат кој е определен како јавен пат и може да биде државен или општински; 3. „Државен пат” е јавен пат категоризиран како автопат, експресен пат, магистрален и регионален пат од прва и втора категорија; И, јавен пат неможе да се купи од страна на приватни лица или компании. Затоа што се сметаат за јавно добро или сопственост на државата односно општината и се наменети за општа упот6реба.  Со нивното одржување и заштита се занимаваат јавни претпријатија како што е ЈП „Македонијапат“ за магистралните и регионалните Патишта или претпријатието што е надлежно за одржување на патиштата во општината.

Денешната посета на Лавчанската населба и лавци покажа зошто во „Глас за градот“ беше вметнато ова ливче. Некои од жителите ги имаат уредено своите пристапни патишта, но некои сеуште очекуваат од локалната самоуправа да ги заврши побрзо работите.

Од идната локална самоуправа бараат поголемо внимание, не само за нивниот проблем со Лавчански пат, кој е дол и тесен, ниту за новиот 170 пат, туку и за сите други урбани и селски населби.