На Државното првенство за деца за 10-11 години и 12-13 години во кати и борби кое се одржа на 27.04.2025 година во Спортската сала „Архиепископ Доситеј„ во Кисела Вода во Скопје, настапи КК. „ЗАНШИН ДО „-Битола во 6 категории и се закити со бронзен медал и пласман за Балканско првенство кое ќе се одржи од 28 мај до 1 јуни 2025 година во Бар – Црна Гора.
Од клубот информираат дека со бронзен медал се закитија во ката тим машки 2015-2014 година Теофан Ивановски, Дамјан Никодиновски и Михаил Јовановиќ, додека Бојана Бошкова во ката женски 2015 година издејствува три убедливи победи се пласира за учество на Балканското Првенство.
„Ова Балканско првенство како селектор ќе го предводам тимот на Македонската карате репрезентација за деца и помлади кадети, а дел од тој тим ќе бидат и каратистите од КК. „ЗАНШИН ДО“ -Битола“, вели тренерката Стевка Јанковска-Петковска.


















