Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 21-25 (9-16)
Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога против Бутел Скопје, победи со 21-26 и закажа спектакл и финале со големиот ривал Вардар 1961, актуелниот шампион во Купот на Македонија.
На завршниот Ф4 турнир кој се игра во Кавадарци, Еурофарм пелистер предводен од Јосип Божиќ Павлетиќ кој запиша шест гола, и Стипе Мандалиниќ со пет, стигна до очекуван триумф. Во составот на Бутел Скопје, се истакнаа Марко Митев и Мирко Мајиќ со по пет гола.
Финалниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра в недела од 19:30 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.


















