И оваа година, втора по ред, ќе се организира „Фестивал на жетвата“. Започнува вечерва од 19:30 часот во дворот на манастиорот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци.

Овој фестивал е дводневен хепенинг кој покрај забавниот дел, ќе содржи и едукативен и изложбен дел, односно ќе присуствуваат и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна, винарии и сл.

Фестивалот на жетвата” е манифестација која се одржува во општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава.

Со оваа манифестација сакаат да ја афирмираат општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата.
Ова е програмата за првата вечер.
19:30 ч – Градска жетвена приказна на Кловнот Заги
20:00 ч – Трикови на Магичниот Спајдермен
20:20 ч – КУД Новаци – мала група
20:30 ч – Жонглерско шоу со оган на групата Fire Fury
20:50 ч – КУД Новаци- настап со тапани
21 ч -Свечено отворање на настанот
21:20 ч – Жонглерско шоу со оганна групата Fire Fury
21:35 ч – Настап на ансамблот Мерак меана:
Елена Велевска
Татјана Стефановска
Душко Ѓергиевски
Блага Петревска
Марјан Коцев
Благоја Груевски
Ристо Самарџиев


















