Вечерва во Крушево започна празнична програма насловена „Празничен шепот на крушевската чаршија“ во организација на Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и локални компании. Програмата ќе трае од вечерва па се до 6 јануари.
Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што следеше осветлувањето на крушевската чаршија и отворање на Новогодишен базар. Дел од програмата е настапот на бендот „Балкан Џем“.
Иницијативата за настанот е од поединци и неформална група граѓани со цел да се збогати понудата на Крушево за овој предновогодишен период од годината.
Фотографии: Марта Кузмановска






























