Вечерва во ноќниот клуб „Расчекор“ се одржува втората ретро журка „Орфеј“. Потсетување на годините поминати во клубот „Орфеј“ кој бил симбол на младоста, дружбите и незаборавните журки на три генерации.
Целта на оваа забава е дружeње на старата генерација. Ретро журката „Орфеј“ е за сите генарации кои пораснаа, а не ги заборавија забавите од младоста.
Ова е настан во кој генерациите кои што не излегуваат често во клубови и дискотеки да се забавуваат, присетување на деновите кога биле млади, на тогашната енергија, со музика од тоа време.
Журка полна со емоции, склоп на луѓе, возрасни и млади кои сакаат да се видат и да уживат во музиката од минатото, настан каде музиката, културата и социјалниот момент се во преден план.
Првата ретро журка „Орфеј“ се одржа пред речиси три години.

























