Oд вечерва па во следните три дена жителите на Земјата ќе имаат можност да посведочат на природниот феномен сина супермесечина. Време кога Месечината е најблиску што може до Земјата.
Деновиве , повеќе на јужната но и тука на северната хемисфера од планетата Земја човештвото сведочи на исклучително портокалова Месечина која го формира својот полн круг. Астрономите ја нарекуваат супермесечина.

Според НАСА, супермесечината се случува кога полна месечина се совпаѓа со најблиското приближување на Месечината до Земјата во нејзината елиптична орбита, точка позната како перигеј. Ова се случува околу три до четири пати годишно. Во најблиската точка, полната месечина може да изгледа и до 14% поголема и 30% посветла од најбледата месечина во годината, која се јавува кога е најоддалечена од Земјата во нејзината орбита. Се работи за т.н. месечева илузија, во која Месечината ја гледаме долу, блиску до нас , меѓу дрвјата, низ зградите , па чувството за размер автохтоно прави споредба.
Вечерва паралелно ќе се случува уште еден редок лунарен феномен – сина супермесечина, бидејќи сината месечина и супермесечината се совпаѓаат.
Во лето, Месечината е под небесниот екватор кога е полна или речиси полна. Вечерашната Супермесечина ќе биде првата од четирите оваа година, а другите ќе се појават на 17 септември, 17 октомври и 15 ноември.
А дали навистина ќе биде сина, како на штрумфовите?

За жал не.
Експертите од порталот Space.com велат дека постојат два вида „Сина месечина“, но ниту еден нема врска со бојата. Се нарекува сина затоа што е втора по ред во еден календарски месец. А оваа пак е третата полна месечина во сезона која има четири полни месечини. Ова е традиционалната дефиниција за сина месечина и таа што ќе ја видиме како изгрева вечерва. Вториот тип на сина месечина – кој произлезе од погрешно разбирање на првобитната дефиниција – едноставно се однесува на втората полна месечина во еден календарски месец. Денес, овој месечен концепт „Сина месечина“ е прифатен како алтернативна дефиниција наместо грешка, според Време и датум. Нам ќе ни изгледа поголема и попортокалова затоа што нејзиното светло ќе осветли голем густ слој од смог.
фотографии: слика од екран YouTube/Space.com/Columbia pictures INC.













