Со двете балетски претстави: „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во изведба на уметниците од Националната опера и балет, синоќа во Битола почна 31 издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Сценографијата за претставите е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.
Публиката имаше можност да го слушне прекрасното дело „Кармен” на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ” на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на македонската опера и балет.


















