Денес во амфитеатарот на Факултетот за информациски и комуникациски технологии во Битола, се одржа промоција на колекција на книги и мултимедијални софтвери од авторот Николче Костовски, кои имаат поврзаност со менаџментот во спортот, здравата исхрана кај спортистите, скаутингот.

Авторот на книгите, ракометниот тренер Николче Костовски истакна дека идејата е да се помогне на секој кој е вклучен во ракометот во Македонија. Костовски напиша шест книги во кои содржини се ракометот. скаутингот и планирање, мини-ракометот, исхраната во спортот и најновото негово дело, насловено „Цената на златото“.

Содржински, оваа колекција е создавана дваесет години и идејата е да се помогне работењето на секој кој е вклучен во ракометниот спорт во Македонија. На промоцијата зборуваа рецензентие, професорите на Факултетот за физичка култура, Гино Стрезовски и Влатко Неделковски.
По промотивниот дел Костовски одржа кратко предавање на тема – Консултации и заблуди во македонскиот спорт.


















