ТЕРА

REKLAMA???

ВИКЕНДОВ БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ЏУДО ЗА ПИОНЕРИ И ПИОНЕРКИ ВО БИТОЛА

Викендов во Битола ќе се одржи Балканското Првенство во џудо за помлади пионери и пионерки. Првенството е во организација на Џудо федерацијата на Македонија и за учество се пријавени 420 натпреварувачи и над 100 стручни лица (тренери, судии и останати комисии) од единаесет земји (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и домаќинот Македонија).

Најдобрите џудисти преставници на своите државни репрезентации силите ќе ги одмерат во спортската сала „Боро Чурлевски”, каде се подготвени четири борилишта и останатите услови согласно барањата на Балканска џудо федерација.

Прелиминарните борби сабота од 10:00 часот, додека свеченото отварање е закажано истиот ден во 16.00 часот.

На церемонијата се очекуваат високи гости од Балканската џудо федерација, како и останати гости од дипломатскиот кор и Општина Битола.

Влезот во салата за љубителите на џудо спортот во земјата е слободен.