Ја повикуваме министерката за труд и социјална политика да ја преиспита донесената одлука и решението за одземање на ингеренциите да го повлече бидејќи донесеното решение е неиздржано, селективно, пристрасно и тенденциозно,рече на денешната пресконференција Анита Ѓорѓиевска, советник од ВМРО ДПМНЕ.
„Опструкциите кои што се прават врз општина Битола од надлежното министерство се очигледни а со тоа се нанесува индиректна штета врз деца од предучилишна возраст.
И покрај тоа што до општина Битола, МТСП се доставени огромен број на претставки од вработените во ЈОУДГ Естреа Овадија Мара, за вршење на мобинг и притисоци директорката Лидија Тфирст Митревска, надлежното министерството останува без одговор.
Дали за ваквото игнорантско однесување од страна на МТСП е поради тоа што директорката е кадар на СДС?
МТСП наместо да ги штити правата на вработените и децата ја штити директорката на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара, само поради тоа што е член на СДС.
Ја повикуваме директорката на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара да излезе во јавноста и да се произнесе по однос на наводите за мобинг и притисоци а не да се крие позади партиските соопштение од СДС.
Доколку директорката Лидија Тфирст Митревска нема храброст да се појави пред јавноста бараме веднаш да се повлече од директорското место и со тоа да ги ослободи вработените од секојдневните притисоци кои ги врши врз вработените.
Во име на промените ветени пред граѓаните, бараме да престанат опструкциите, стопирањата и блокадите.
Граѓаните избраа промени, а промените повторно ќе победат“, рече Ѓорѓиевска.













