ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ Е ПРОТИВ ОТВОРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ во македонското собрание не го поддржаа отворањето на Медицински факултет во рамките на Битолскиот универзитет, рече денеска на прес конференција Андреј Стојановски од СДСМ.

ВМРО – ДПМНЕ, која го уништи македонското образование и која отвори факултети во секој град во Македонија, е против отворање на Медицински факултет во Битола оти немало услови за тоа!

Деструктивноста на ВМРО  ДПМНЕ кон Битола и Пелагонија сме ја виделе многупати на дело, а ја гледаме и денес во сите градови каде што владеат градоначалници од оваа партија!

СДСМ ќе ја продолжи битката за отворање на Медицински факултет во Битола, без разлика на опструкциите од страна на ВМРО  ДПМНЕ!

Младите од Битола и југозападниот дел на Македонија заслужуваат шанса да се школуваат дома и можност да го изберат здравството како своја идна професија. Македонското здравство има потреба од нов и стручен кадар, а граѓаните подобри услуги и повиски стандарди во лекувањето“ рече Стојановски.