ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА, СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА РАЗРЕШИЈА УПРАВНИ И НАДЗОРНИ ОДБОРИ

На комисијата за мандатни прашања, како што соопшти известителот советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, се расправало за одлуките од дополнитените точки на дневниот ред што ги поднесе опозициската СДСМ, за разрешување на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија Водовод ( три гласови „против“, два гласови „за“ ), Комуналец ( три гласови „против“, два гласови „за“ ), Паркинзи ( три гласови „против“, два гласови „за“), Пазари ( три гласови „против“, два гласови „за“ ), Жабени ( три гласоив „против“, два гласови „за“ ) и во Културно и информативниот центар, (три гласови „против“, два гласови „за“ ).

Откако беше отворен претрес по овие точки, советникот од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Ѓорѓиевски рече дека денеска уште еднаш е прекршен деловникот за работа на Советот и како што рече, уште потрагично е што е прекршен Законот за јавни претпријатија, затоа што на седница на дневен ред влегоа точки кои што се надвор од закон, односно членот 7 ѓ од Законот за јавни претпријатија, во став 1 вели: Основачот може да ги разреши сите членови на управниот одбор на јавното претпријатие пред истекот на мандатот, доколку не даде согласност на годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпрејатие. Со ова смета тој, дека условите од овој член за разрешување не се исполнети, и иако било укажано како процедурална забелешка, меѓутоа ново мнозинство во Советот сака да ги крши законите, рече советникот Ѓорѓиевски.

Тој каже дека тие како советничка група ќе бидат против, оти не сакале да го кршат законот, а доколку бидат усвоени од страна на советниците од СДСМ, Поинаку и Левица кои глсасаа да бидат на дневен ред, се надеваат дека градоначаникот на Општина Битола како надлежен за законитоста на одлуките на Советот, нема да ги потпише и нема да бидат валидни.

ВМРО ДПМНЕ смета и дека самите точки на дневен ред како што гласат не се во согалсност со деловникот и правилата за работа на Советот, односно дека не може во една точка да се разрешат два различни органи.

Горан Велевски од Левица рече дека имаат право да бараат одговорност од оние кои не ги задоволиле потребите на граѓаните, односно ги задолжиле претпријатијата со долгови.

За процедура се јави советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски кој рече дека тие ќе ја напуштат седницата на Совет, несакајќи како што рече, да учествуваат во вакво незаконско постапување, ниту на циркусот кој што се прави.

Методија Илиевски од СДСМ ги повика колегите советници од ВМРО ДПМНЕ да имаат доблест, да останат на седницата да слушнат која е вистината на граѓаните, односно кој е нивниот резултат на раководењето со јавните претпријатија.

„Дванаесет часовната битка заврши. На наша иницијатива во Советот на Општина Битола се разрешија управните и надзорните одбори на јавните претпријатија кои работат недомаќински и книжат загуби“ вели Илиевски.

Откако советниците од ВМРО ДПМНЕ и Коалциијата ја напуштија седницата, расправата продолжи со советникот од СДСМ, Борче Корлевски и советникот од Левица, Горан Велески, по што претседателката Илиевска го заклучи претресот и предлогот го стави на гласање.

Се гласаше поединечно за секоја точка за разрешување на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. Со 18, односно 17 „за“, без против и без воздржани, СДСМ со коалицијата, Поинаку и Левица ги разрешија одборите.