ТЕРА

REKLAMA???

ВО ПРИЛЕП СЕ ОДРЖА ГЕРМАНСКИ БОЖИЌЕН БАЗАР

Прилеп беше домаќин на германски Божиќен базар.

Организаторите велат дека настанот има за цел на еден автентичен и инспиративен начин ја доближи германската култура, јазик и традиција до нашите млади и до сите граѓани.

Божиќни колачиња и переци, празнични украси изработени од ученици, песни на германски јазик и шаренолика атмосфера, вистинска зимска божиќна бајка во центарот на Прилеп.

Настанот беше организиран од Здружението на наставници по германски јазик, со поддршка од Гете-институтот од Скопје, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија и со поддршка од Општина Прилеп.