ТЕРА

REKLAMA???

ВТОРИОТ УПИСЕН РОК НА УКЛО НА 15 И 16 СЕПТЕМВРИ

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, го објави дополнителен конкурс за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2025/2026 – втор уписен рок.

Пријавувањето на кандидатите е 15 и 16.09.2025.

За додипломските студии, на УКЛО има места за 2318 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.

Како што информираат од ректорката управа во првото пријавување кое траеше од 19 до 27 август се пријавиле вкупно 864 кандидати, односно идни бруцоши. Ова значи дека УКЛО не само што успеа да го задржи зголемениот интерес од минатата година, туку и благо да го зголеми.

Каде има слободни места за вториот уписен рок.

Државна квота/ Редовни со школарина/ Вонредни/ Вкупно

Како што рековме пријавувањето на кандидатите е 15 и 16.09.2025. Претходна проверка на знаењата на англиски јазик 17.09.2025, објавување прелиминарна ранг-листа 17.09.2025., објавување решение за прием на кандидатите 22.09.2025 и запишување на кандидатите 23.09.2025.