Синдикатот на управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска втор ден на протест со двочасовен прекин на работата во сите министерства, агенции, фондови, управи и судови каде имаат синдикални организации.
Тие бараат линеарно зголемување за сите плати за 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата, која од неодамна е 18.000 денари.
Денеска од 10:00 до 12:00 часот се протестираше и во Битола, пред зградата на Општина Битола и пред зградата на Основниот суд-Битола.

Повеќе за протестот гледатејте во Актуел на Тера Тв, 16:55 и 20:55.













