Денеска втор ден од штрајкот на СОНК. Утрово претседателот на синдикатот Јаким Неделков со порака и до штрајкувачите и до оние кои не штрајкуваат.
„Добро утро, успешен ден! На сите штрајкувачи им посалувам да останат такви какви што се, на оние малкумина што не штрајкуваа им препорачувам да си го послушаат срцето“ им порача Неделков.

Штрајкот на просветните работници, организиран од Синдикатот за образованието, науката и културата (СОНК), е за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.
Првиот човек на СОНК на вчерашната прес-конференција ја истакна масовноста на штрајкот ширум земјава, но посочи и на одредени притисоци и нерегуларности во градинки во одредени општини. За притисоците, како што додаде најавуваат и кривични пријави оти, како што рече, „апсолутно е неприфатливо и недемократски во 21 век на некого да му се крати правото на слободно изразување на неговото незадоволство“.













