ТЕРА

REKLAMA???

ВЧЕРА 33 ПОЖАРИ ВО 23 ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари во 23 општини, од коишто 30 се изгаснати.

Според информациите што стигнаа до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови (некаде заеднички – здружени од повеќе општини) изгаснале 30 пожари до утрово, а три се уште се евидентираат како активни до утрово.

Карактеристично, за вчерашните пожари, е што до пладне немало пријавено пожари – нивното појавување почнало од 13.15 часот. Тогаш наеднаш се пријавени три пожари: два во Скопско и еден во Струмичко, а поголемите пожари почнаа на крајот на денот и доцна во ноќта, а последниот вчерашен беше пријавен во 23.20 часот – пожарот над с.Новоселани во правец кон с.Лепопелци во Општина Чешиново-Облешаво.

При вчерашните пожари горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, а и прагови на железничка пруга. Конкретно, при пожарот што започнал околу 14:30 часот и се уште е активен, кај с.Слепче во Општина Долнени била зафатена ниска вегетација, грмушки и дел од праговите на железничката пруга. Заради опожарување на железничките прагови, а и заради работа за промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива.

Покрај овој пожар кај с. Слепче, активни се уште два, во: Општина Прилеп, кај с.Алинци, каде што горела сува трева и ниска вегетација и во Општина Сарај, кај с.Радуша при што прво горела депонија, а потоа пожарот се раширил во околната вегетација и во Општина Долнени, кај с.Слепче, каде што гореле сува трева, грмушки и железнички прагови. Заради опожарување на железничките прагови, односно поради промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива.

Инаку, овој ден, за разлика од вчерашниот кога сите 33 пожари беа попладне и во ноќта, денеска денот, од мугрите, почнува со пријавен пожар во 06.50 часот. Конкретно, Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Крива Паланка од 06:50 часот, со четири пожарникари и со едно противпожарно (ПП) возило интервенираат на пожар кај с. Градец, каде што гори сува трева и борова шума. ЦУК апелира до граѓаните, да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација што е многу сува, а е и многу нарасната оваа година.

Фото: Илустрација