ТЕРА

REKLAMA???

В САБОТА ТРЕТИОТ „ПАЉО КЛАСИК“ БОДИ-БИЛДИНГ НАТПРЕВАР

В сабота (19.10.2024)  во просторот на Центарот за култура ќе се одржи вистинскиот показател за спортската култура. Ќе се одржи третиот по ред натпревар за боди-билдери „ Паљо Класик“. Натрепварот е со отворен и меѓународен карактер, може да се пријават и мажи и жени, а фондот на наградите е најголем досега.

 

Зоран Лазаревски – Паљо повторно организира голем спортски настан, единствен по својот карактер во градот.

За идејата.

Идејата ја носел во себе повеќе години.

„Во мојата кариера имам организирано 14 натпревари – Куп на Македонија и државни натпревари, но, за првпат пред десетина години се појави идејата да се направи еден оригинален натпревар. Во светот постојат само два вакви натпревари „Арнолд класик“ и „Паљо класик“ . И „Паљо класик“ е оригинален натпревар, нема сличности со другите натпревари досега. И така десетина години се мачевме, да биде- да не биде, и, на крајот пред три години се оствари идејата. Ова е веќе трет натпревар „Паљо класик“ и секоја година оди на се повисоко ниво.

Различен е од другите натпревари и затоа што има големи парични награди. За првиот фондот на награди беше 5.000 евра, вториот – 6.000 евра, а сега за третиот „Паљо класик“ фондот на наградите е 7.000 евра.

 

Покрај паричните награди, има награди во суплементи, протеини, летувања, часовници, комплети тренерки, многу богати награди.

Ова е меѓународен отворен натпревар, брзо станува популарен и се гради довербта кон организаторот , па одзивот на учесници секоја година е се поголем и поголем.

„Мене ми е многу важно да дојдат натпреварувачи што се реномирани во светот, ѕвезди. Оваа година ќе имаме и светски првак, минатата година имавме многу добри билдери кои котираат на европско ниво. Да го споменам и Давид Вајковски, кој е од Битола, а е светски првак, наш битолчанец е светски првак. Оваа година нема да се натпреварува, но во двата „Паљо класик“ беше шампион. Ова ќе иде меѓународен, отворен натпревар, значи може да доаѓаат од цел Балкан, од цела Европа и ќе станува се поголема и поголема манифестација.

Тера:  Процесот на пријавување е заокружен, како се одвива?

„Процесот на пријавување. Некои што се далеку може да се пријават пред време, со пријава и со фотографија, а поголем дел се пријавуваат на лице место. Секогаш имаме пријавување на стартот. Годинава в сабота ( 19.10.2024) е натпреварот, ние секогаш во 12.00часот имаме пријавување, мерење на натпреварувачи , мора да определиме која категорија ќе бидат и тоа завршува до 14.00часот. Потоа учесниците се одмораат и вечерта во 19.00часот е натпреварот.“

Зоран што сите го познаваат како Паљо целиот свој живот го посветил на спортот, со своите активности придонесува за развивање на боди билдингот – тој го донесе и надградува. „Паљо класик“ натпреварите за мажи и жени е издржан показател.

„Цел живот го посветив на спортот, не можам ниту да си го замислам животот поинаку. пПРвин почнав со велосипедизам, па карате, па боди-билдинг. Со боди -билдингот започнав малку подоцна, на 25 години, ама сега не можам да го замислам својот живот без тоа и без движење. Затоа што, човекот е исто дизајниран како и животните – да се движи. Ние сме дојдени од природата не сме дојдени од ѕидовите и зградите. Кога движењето престанува , тогаш почнуваат болестите, јас така тоа го разбирам.

 

Во светот во моментов боди-билдингот и фитнесот имаат голем подем и во Македонија исто така. Посебно можам да кажам за Битола дека, Битола во Југославија во 22 милиони луѓе беше прогласен за град на  Боди-билдингот и Фитнесот од самиот Петар Челик. Тој кога дојде овде се чудеше – „секој втор вежба, секој втор има тегови под креветот“ и вели „ваков град јас немам видено во светот“. Битола е единствен град во Југославија, и можеби во светот , не знам, што има организирано општински натпревари. Ние во 1987 до 1990 година правевме општински натпревари на Битола на кои излегоа по 60-70 натпреварувачи. Тоа навистина е завидно ниво и бројка и како настан.

Годинава Паљо класик се одржува на 19 октомври, в сабота, натпреварувачите да се таму во 12.00часот, а публиката во 19.00часот во Центарот за култура.