ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМА ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ВО РЕСЕН

Голема предновогодишна забава за најмладите во Ресен. „Плоштадот во нашата општина беше исполнет со радост, насмевки и празнична атмосфера.
Најголемо воодушевување предизвика Дедо мраз и Гринч, кои пристигнаа со воз и приредија весела претстава, а потоа им поделија новогодишни пакетчиња на дечињата.
Грижата за децата и нивната радост се наш најголем мотив да продолжиме со организирање на вакви настани, кои го збогатуваат празничниот дух и ја зајакнуваат заедницата.
На сите дечиња и нивните семејства им посакуваме среќни и весели празници, исполнети со здравје, љубов и насмевки. Благодарност до SOS Балкан Медиа , Чокомил Ресен за подршката како и за сите посетители кои придонесоа овој настан да биде незаборавен и да внесе празничен дух во нашиот град.“-велат од општина Ресен.
Низ следната фотогалерија погледнете каква беше атмосферата: