И ова е слика од Битола. Глетка која секако не приличи на конзулски град, но која е реалност.
Откако вчера слична слика снимивме во населбите Карпош и Кланица, по емитувањето на прилогот на ТВ Тера веднаш реагираа граѓани.
Алармираа за еколошката состојба во населбата Довлеџик.
По ова нашата екипа веднаш излезе на терен и еве што затекнавме: Сметот повторно надвор од контејнерите.
Иако контејнерите ни оддалеку не беа преполни, повеќе ѓубре има надвор од нив, одошто во нив.
Дотраен точак некој решил да го депонира надвор на површина која би требало да биде парк. Некој го реновирал своето копатило, па старата каде ја фрлил речиси на улица, веднаш до паркингот.
Друг решил на истиот начин да се ослободи од старите гуми. Целото место се претворило во мини депонија.
И тоа е и она што околните жители го гледаат кога ќе излезат на своите балкони, бидејќи директниот поглед од повеќето станбени единици паѓа токму тука.
Сите се согласуваат дека глетката не е убава. Но еколошката свест очигледно се уште не е доволно висока за вакви глетки да нема повеќе.
ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА ДОВЛЕЏИК


















