Некогаш го има, а некогаш не маслото за јадење во маркетите. Вака ни рекоа дел од битолчани кои што денеска ги анкетиравме. Се пожалија и на високата цена на чинење.

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека ја следат состојбата, и упатија апел до граѓаните да бидат солидарни и да не купуваат во залихи.

„Со оглед на тоа дека ситуацијата се менува од ден на ден, гледаме дека Министерството за економија будно ја следи, гледаме дека владата ја следи состојбата, гледаме дека имаат мерки, сепак тоа се владини мерки. Вие знаете и сами дека и другата страна да се слушне и тогаш дојде до ограничување на маржата, сега и покрај ограничувања на маржата гледаме дека имаме покачување на одредени цени коишто не се занемарливи и сите граѓани тоа го чувствуваат на сопствениот грб, особено ги плаши зошто одредени намирници ги нема во продавниците, имаше и шпекулации, имаше основани сомненија, па и потврдени информации дека одредени артикли се кријат па и се чуваат во залиха што не е дозволено. Сметаме дека будното следење од наша страна, од страна на граѓаните од сите нас заедно, затоа што не е баш во пазарна економија, знаете ја имавме пандемијата, па војната, па недостигот на суровини итн, многу го отежнува снабдувањето со основните производи па и со други производи. Како ќе се одвива работата ќе треба да се види во регионот па и кај нас, во секој случај соработката и солидарноста меѓу граѓаните треба да биде поголема, односно да не се создаваат залихи кај самите нас, без да се размислува за утре дали ќе има и за другиот да купи, комшијата и другите потрошувачи. Немаме поплаки конкретно, меѓутоа ги слушаме на телевизија, се јавуваат на телефон. Ние сме самите свесни за ситуацијата. Оваа ситуација особено после ограничувањето на маржата се спроведува преку Државниот пазарен инспекторат којшто е надлежен да изврши контрола и мониторинг на ситуацијата и затоа следиме кои мерки наредно ќе бидат преземени“, рече Марјана Лончар Велкова, претседател на Организација на потрошувачи на Македонија.
Според владината одлука од почетокот на март, основните прехраnбени продукти, меѓу кои и сончогледовото масло за јадење, се продаваат без маржа, односно по набавни цени.












