Додека цените на становите во Македонија галопирачки растат, банките се уште молчат во однос на предлогот да се олеснат условите за купување на прв стан.
Во врска со тоа, каква е реакцијата на банките и дали се согласиле понудата за купување прв стан да биде поевтина, гувернерот гувернерот на НБРМ, Трајко Славески вели дека сè уште нема ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките.
Банките имаат дури два и пол месеца да направат проценки и да се подготват за ова прашање, па дури потоа ќе биде извесно дали тие кои се уште не го решиле станбеното прашање воопшто ќе добијат поповолни услови за купување прв стан.
Гувернерот Славевски во врска со одлуката на Народна банка за намалени каматни стапки за прво купување стан, вели дека Народна банка не е институција која ги определува каматните стапки, но, како што посочи, со одлуката укажуваат на една пракса во светот која се заснова на проценките на ризикот дека семејствата коишто за првпат купуваат стан и живеат во него или куќа, се помал ризик од аспект на сервисирање на обврските. Оттука, тие добивале поповолни услови насекаде во светот од страна на комерцијалните банки и тоа тој го очекува од македонските комерцијални банки.
Но, досега повратна информација, официјална или неофоцијлна од банките, нема.
„Немаме, треба да ги слушнеме, најверојатно прават проценки и пресметки. Немам ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките. Мислам дека сè уште е рано. Банките имаат два и пол месеца за подготовка и очекуваме да се придржуваат на одлуката од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог “. – вели гувернерот.
Оние кои допрва планираат да го купат својот прв стан се надеваат на намалување на каматните стапки на кредитите за купување прв стан и намалување на процентот на учество за овие кредити.
ДАЛИ ЌЕ ИМА ПОПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ ПРВ СТАН – БАНКИТЕ МОЛЧАТ
