Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), се изврши ждрепката за полуфиналните натпревари во машка и женска конкуренција. Најдобрите македонски екипи во моментов, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето, па голема е веројатноста да гледаме мега финале меѓу двата ривали.
Вардар во полуфиналето ќе игра против Еурофарм Пелистер 2, а првиот тим на Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Бутел.
Полуфинални парови во машка конкуренција:
13.05.2022 17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ВАРДАР 1961
13.05.2022 20:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
15.05.2022 19:30 часот ФИНАЛЕ
Натпреварите се играат од 13 до 15 мај во салата Јасмин во Кавадарци.


















