ТЕРА

REKLAMA???

ДВА МИЛИОНИ ЛИТРИ МАСЛО ЌЕ СЕ УВЕЗАТ ОД СРБИЈА

Србија донесе одлуката за извоз на два милиони литри масло во Македонија, сооопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Тој информира дека таа количина ќе биде доволна за еден месец и дека е можна и одлука за дополнителен увоз. Во земјава има храна, брашно и на масло и нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата, порача министерот.

Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе масло, според Николовски, говори дека домаќинствата непотребно прават залихи.

„Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат“, рече Николовски.