ТЕРА

REKLAMA???

ДВЕ ЌЕРКИ ИМАМ И ДВЕТЕ СЕ ИССЕЛИЈА ВО СТРАНСТВО

Две ќерки имам и двете ми заминаа во сранство. Вака една битолчанка ја раскажува својата семејна приказна која денес е веќе секојдневние за многу битолски семејства. Сите или имаат некој од семејството кој им заминал во странство или познаваат некој таков во своето опкружување.

„Двете ќерки си заминаа од тука. Едната е замината во Сиднеј 9 години, таму магистрира и сега работи. Другата сега ќе заминува за Нов Зеланд. Овде нема просперитет.“-вели една битолчанка.

Друга битолчанка вели дека најголем проблем е што заминуваат високо образованите профили.

Во последните години многумина заминуваат на работа во Хрватска. Дел од нив решаваат и фамилијарно да се преселат таму.

„Моите се пет години таму. Работат убаво им е. Морето и плажата им се зад куќа. Децата таму одат на училиште. Го знаат јазикот, не беше тешко да се прилагодат.“-вели друга битолчанка.

Само лани над 15.000 лица од Македонија беа регистрирани како сезонски работници во Хрватска. Во меѓувреме расте бројот на оние кои одат на сезонска работа на Кипар.