Игор Џамбазов ја промовираше новата песна ,,Дебела сенка”. Истата ја работел околу четири години и ја започнал во 2019 година, па се откажал бидејќи била депресивен блуз, но потоа повторно решил да ја сними.
Текстот и музиката се негови, а аранжманот е на Игор Атанасоски Харе и Мите Димовски.
„Оваа песна излегува во вистинско време. Успеав да го најдам датумот кога сум го почнал фајлот, тоа е септември 2019 година. Значи, јас сум ја “крчкал” оваа работа четири години. Знам дека имав една музика, па се откажав од неа зашто беше премногу депресивен блуз. Во меѓувреме почнав да слушам стара музика, имав инспирација од Боб Дидли кој е препознатлив по својот заразен ритам. Мислам дека „Дебела сенка“ го има баш тој заразен ритам и еден од најпевливите рефрени во историјата на македонската музика. Но, пораката е битна, тоа што го наумив да им го пренесам на слушателите, го направив“, рече Џамбазов.
Песната е снимена во студиото „Тра-ла-ла“ во Скопје.


















