ТЕРА

REKLAMA???

ДЕЛ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ЅВЕЗДИ НА ЕГЗИТ

Новото, 24-то издание на ЕГЗИТ ги собера дел од најголемите светски ѕвезди, како и музичарите во подем кои ја обликуваат сцената на денешницата во најширок жанровски спектар.

Меѓу нив, како претставници на македонската сцена годинава се запишуваат четири популарни музички имиња, меѓу кои докажаниот еклектичен рок бенд Фанк Шуи (недела, 14 јули), како и едно од водечките нови имиња на нашата алтернативна сцена Луфтанза (четврток, 11 јули) кои на Егзит гостуваат како финалисти на годинашните европски музички награди „ХЕМИ“.

Познати по својот одличен звук во живо, нашите бендови ќе настапат на култната „Виза Фјужн“ бина препознатлива како збирно место на најзначајните електронски, рок и поп изведувачи од регионот.

Од Нови Сад, Агим Џело.