ТЕРА

REKLAMA???

АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ИЗЛЕГОА НА ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ

Наместо на своите работни места и денеска административците излегоа пред институциите каде што работат. Вработените во Основниот суд во Битола го почнаа предупредувачкиот протест точно во 10 часот и ги повторија барањата исплата на минималната плата според закон и усогласување на останатите плати со минималната.

„Бараме покачување на сите плати линеарно по 2800 денари, какао што се покачи минималаната плата, така бараме да се покачат сите плати линеарно, мислиме дека тоа барање е најниското и под тоа барање не можиме да прифатиме ништо друго, рече Драган Младеновски, претседател на Синдикалана организација при Основен суд Битола.

Како и вчера така и денеска на предупредувачки протест излегоа и вработените од Општина Битола. Протестот го одржаа под мотото Достојни плати за живот.

„Денес, членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) низ целата држава, го искажуваме нашето незадоволство од непочитување на Законот за минимална плата во управата и правосудството. Ние вработените во управата и правосудството, низ годините нанзад немаме добиено никакво зголемување на нашите плати, а сведоци сме дека од Владата за одредени сектори во последните две години драстично ги зголеми платите.  Платата за месец март се исплаќа по старо, но кој ќе ја сноси одговорноста за непочитувањето на Законот за минимална плата? Дали ние вработените во управата и правосудството ќе останеме единствени во државата кои ќе примаат плата под минималната плата? Од тие причини бараме исплата на минималната плата веднаш за сите вработени кои и во овај момент се под минималаната плата и линерано зголемување на сите останати плати во износ од  2.806 денари“, рече Александар Ничков, претседател на синдикатот при Општина Битола.  

Административците исто како и вчера протестираа два часа.