ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ПОСТУДЕНО, ВО БИТОЛА ДО 13 СТЕПЕНИ

Утрово -4 степени на Попова Шапка, -1 Берово, Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Крива Паланка, Крушево, 2 Скопје-Петровец, 3 Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, 4 Охрид, Битола, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Кавадарци, Велес, Дебар, 6 Прилеп, Куманово, Гевгелија, 8 Дојран.

Најмногу дожд 6 л/м2 наврнаа во Охрид, 5 Лазарополе, 4 Крушево, 3 Скопје-Петровец, 2 Дебар, Маврови Анови, Попова Шапка, Велес, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Прилеп, Демир Капија, Кавадарци, Пожаране, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени. Во Битола до 13 степни.