Утрово 2 степена во Берово, Лазарополе, 4 Маврово, 5 Охрид, Претор, Попова Шапка, 6 Битола, Струмица, 7 Крива Паланка, Тетово, Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип, Дебар, 8 Прилеп, Гевгелија, 9 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Крушево, 10 Виница, Дојран.
Во текот на ноќта и утринава имавме ведро со слаб ветер претежно од северозападен правец. Утрово насекаде е сончево и претежно тивко.
Денеска сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Битола до 25 степени.
Утре сончево со умерена облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи.












