Утрово -5 степени во Берово, -2 Скопје-Петровец, Битола, -1 Струмица, Маврови Анови, 0 Крива Паланка, Тетово, Претор, Штип, Демир Капија, Гевгелија, 1 Прилеп, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, 3 Kрушево, 4 Виница.
Во текот на ноќта и утринава имавме ведро со мала облачност во западните делови. На места имаше слаб променлив ветер. Утринава беше сончево.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност во западните делови. Ќе дува слаб претежно северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степена. Во Битола до 19 степени.













