ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СО ПОРОЕН ДОЖД

Утрово 0 степени на Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 7 Крива Паланка, Берово, 8 Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, 9 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 10 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Дојран, 11 Демир Капија, Гевгелија.

Најмногу дожд 16 л/м2 наврнаа во Претор, 15 Охрид, 13 Маврови Анови, Тополчани, 12 Прилеп, Пожаране, 11 Битола, Крушево, 10 Попова Шапка, 9 Тетово, Лазарополе, 7 Гевгелија, Кавадарци, 6 Струмица, Велес, 5 Скопје-Петрове, Скопје-Зајчев Рид, Берово, 4 Штип, Куманово, Дојран, 3 Крива Паланка, Демир Капија, Виница, Ѓуриште.

Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд повремено поинтензивни. Дуваше слаб до умерен променлив ветер. Утринава е облачно со повремен дожд кој е поинтензивен на североисток и во Пелагонија.

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Битола до 14 степени.