ТЕРА

REKLAMA???

ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ НА ЧЕКОР ДО ОЛИМПИСКА ВИЗА ЗА ПАРИЗ

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски учествуваше на Г1 Олимпискиот меѓународен турнир „Галеб Србија Трофеј“ во Белград каде успеа да го освои сребрениот медал.

Георгиевски во својата прва борба триумфираше против Манеа Роберт од Германија со технички нокаут.

Потоа, во полуфиналето нашиот таеквондист славеше и против Перез Кампос од Шпанија.

Во финалниот меч Георгиевски загуби против Шпанецот Иван Мартинез, но и покрај поразот Македонецот ги собира потребните поени и е чекор поблиску до норма за настап на Летните олимписки игри кои ќе се одржат следната година во Париз.

На турнирот во Белград имаше над 700 натпреварувачи од скоро сите држави во светот.