ТЕРА

REKLAMA???

„Дејгиди, луди млади години“ со нов аранжман на Никола Мицевски

 Македонската народна музика  е извор на инспирација на многу уметници, па така и овојпат песната „Дејгиди, луди млади години“, инспирација за Дани Димитровска со Етно&Џез и мултиталентираниот Никола Мицевски, да направат нова преработка и да ја продолжат традицијата на возобновување на  стари македонски песни.

Etno&Jazz проектот е група составена од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното; пласирајќи се на еден ненаметлив, лежерен начин, истакнувајќи ја круцијалната суштина за одговор на големото ЗОШТО се одлучиле за еден ваков проект тотално различен од своите авторски делувања. Претходно во рамки на истиот проект беа преработени песните „Каранфило филфило моме“ и „Бело лице љубам јас“.

Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот. Николче Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните. Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво, а во планираниот албум гостуваат и други наши врвни музичари. Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во МОБ со 90 минутен репертоар. Овој проект несомнено е голем предизвик за секој музичар, затоа што целта на меѓусебната соработка и обработка е да се создаде нешто ново, од веќе постоечко.

Неда Маретиќ