ТЕРА

REKLAMA???

Димитриевиќ за ТЕРА: „Ќе избереме претседател кој ќе биде општо прифатен во средината“

ТЕРА:  Г-н Димитриевиќ, деновиве во Битола одржавте состанок којшто ги доведе битолчани до заклучокот дека фракции во СДСМ ја растураат битолската СДСМ. Како дојде  до тоа да одржите состанок со одредени членови но не и со советниците?

Димитриевиќ: „Најпрвин, се јави како потреба веднаш по конгресот и по дискусиите на делегатите да се направи еден состанок во битолската Општинска во којашто ќе учествуваат сите моментални носители на партиски позиции. Апсолутно не се работи за никаква фракција туку за начин на делување во идниот период се до регуларен избор на претседател на општинската организација. “

ТЕРА: имате ли имиња за следниот предстедел ?

Димитриевиќ: „ Околу средината на месец февруари ќе распишеме  повик на првиот следен Центраелн одбор на партијата ; ќе распишеме повик во којшто ќе бидат определени услови и кадешто во согласност со сегашниот статут на партијата ќе имаме самокандидирање, а веднаш потоа во консултации со членството, со моменталните функционери во Општинската во еден широк консензус ќе го избереме претседателот. Имиња. Не би сакал сега да шпекулирам бидејќи процесот ќе биде отворен и во тој процес секој еден ќе има право да учествува, нормално, според условите а согласно Статутот на партијата. “

ТЕРА: Ваквата средба, назначувањето на Крајовски во централното раководство, повлекувањето на досегашниот претседател Куновски и заменикот Палигора доведе до гласините дека има разнебитување на организацијата, дека нема единство. (?)

Димитриевиќ: „ СДСМ ги решава своите проблеми внатре, впрочем и состанокот беше за да се направи одредена консултација со некое преодно тело се до избор на претседател на Општинската бидејќи секако се јави и како потреба со сите случувања коишто беа во општина Битола и на последната седница на Совет и во изминатите месеци со целото тоа недомаќинско неработење на градоначалникот , покачувањето на сите давачки коешто директно ќе го почувствуваат битолчани , СДСМ како опозиција мора да биде коректор на тоа и мора да биде гласот граѓаните. А за таа цел сигурно ни треба силна општинска организација  којашто во следниот период ќе ја направиме. “

ТЕРА: Кои се следните чекори ?

Димитриевиќ: „Веднаш по состанокот се направи одредена работна група во чии рамки треба да функционира општинската организација се до избор на претседател на општинска организација и секако потоа органи. Тоа е многу важно , ќе повторам, бидејќи мораме будно да ја следиме работата на општината и мораме да реагираме. Веднаш потоа, штом се распише  повикот ќе преминеме во широки консултации со членството, ќе избереме претседател на општинската организација, човек којшто ќе биде општо прифатен од сите во средината , а и секако потоа соодветните органи коишто според Статутот на партијата треба да се изберат на општинска Конференција , тоа се извршниот одбор, па потоа и секретар и се останато.