ТЕРА

REKLAMA???

ДИНА ЈАШАРИ НА EUROSONIC NOORDERSLAG 2026 ВО ХОЛАНДИЈА

Mладаta кантавторка на современата македонска музичка сцена, Дина Јашари, годинава е официјално избрана да ја претставува Македонија на најголемиот европски шоукејс фестивал Eurosonic Noorderslag (ESNS), на 40-тото фестивалско издание, коe ќе се одржи од 15 до 18 јануари 2025 година во Гронинген, Холандија.

Настапот на Дина на овој престижен настан претставува значајна можност за нејзината кариера, но и важен момент за нашата но и регионалната музичка сцена.

Eurosonic Noorderslag е препознатлив како фестивал кој открива нови музички ѕвезди и претставува платформа низ која поминале некои од најголемите имиња на современата музика, меѓу кои Dua Lipa, Fontaines D.C., James Blake, Rosalia и Wet Leg. Секоја година фестивалот привлекува повеќе од 40.000 посетители, фанови и професионалци од музичкиот свет.

Нејзиниот настап на ESNS ќе биде петто учество на македонски артист на овој фестивал, по Кирил Џајковски, Бернајс Пропаганда, Фанк Шуи и Луфтханза. Оваа година, Дина Јашари е името што ќе ја претставува Македонија на големата европска сцена во Гронинген.