Денеска во Пекинг поради ширењето на ковид-19 се затворени дополнителен број продавници, станбените блокови се под строги мерки на изолација, а властите се обидуваат да откријат што повеќе контакти на заразените, додека во Шангај каде што веќе месец дена на сила се драконски рестриктивни мерки огорченоста расте се повеќе.
Областа Чаојанг во Пекинг, со 3,5 милиони жители, е првата во која започна масовно тестирање. Во меѓувреме, цели станбени блокови се „заклучени“ и станарите не можат да ги напуштат своите домови.
Во Пекинг вчера се регистрирани 49 случаи на инфекција, во споредба со 50 претходниот ден.
Поради строгите мерки за затворање, странците масовно ги напуштаа градовите кои се погодени.
За разлика од Кина, Европа и останатиот дел од светот се повеќе се отвараат преку укинување на рестриктивните мерки.


















