ТЕРА

REKLAMA???

ДРЖАВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ СО НОВОГОДИШНИ ХИТОВИ ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

Зимска музичка авантура – концерт во кој синоќа можеа да уживаат битолчани. Во мноштвото предновогодишни настани, овој концерт се издвојува како уникатно музичко доживување, каде младата енергија, талентот и страста кон музиката создаваат вистинска празнична магија.

Настапија оркестарот, бендот и хорот на Државното музичко училиште – Битола.

Настанот ја исполни големата сала на Центарот за култура Битола, а на репертоарот се најдоа препознатливи новогодишни хитови, кои внесоа вистинска празнична атмосфера за сите генерации.

Концертот ја претвори сцената во место каде музиката станува празник, а зимата – инспирација.