Ребалансот на буџетот влезе во Советот. На влегувањето му претходеа партиски преписки и условувања. Коњановски вчера побара Советот да го изгласа ребалансот и кажа што се нема да се реализира ако СДСМ не крени рака „ЗА“. Тие пак му возвратија дека ја имаат Поинаку за да го донесат ребалансот скроен од како што рекоа „тајфата“. А ако Коњановски имал желба за инклузивност му кажаа дека го пропуштил возот.

„Ова ребаланс на буџетот не е граѓански, не е е капитален и не е развоен, бидејќи се трошат и се одземаат ставки со кои што не се овосможува развој на општина Битола, туку напротив се уназадува“, рече советникот од СДСМ Борче Корлевски.
Корлевски кажа со какви амандмани ќе се обидат да го променат овај ребаланс.
„СДСМ ќе предложи капитални проекти она што го бараат граѓаните. Ние не планираме да се одземаат фоинансиски средства од стационарот за кучиња, како што гледаме битолчани имаат проблем, а од таму се планираат да се земат средства повеќе од 40 милиони денари. Ако сме рекле во декември дека ни треба стационар, и едногласно сме го изгласале сите советници сега велиме пу-пу не важи. Ќе предложиме тие средства да останат таму со амандмани“, рече Корлевски.

Бојкоски рече СДСМ не успеа да ги види капиталните проекти.
„Може да се види дека во годишната програма за уредување на градежното земјиште, средствата коишто беа првично планирани со основниот буџет сега со ребалансот се зголемуваат за речиси 500 илјади евра, тоа се капитални инвестиции“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски.
И додаде ако СДСМ има конструктивни предлози и доколку тие средства можат да се најдат од овај буџет, од каде би се зеле тие средства, а да не страдаат отпочнатите проекти, ќе ги разгледаат ќе поразговараат и ако се конструктивни ќе им ги прифатат.
„Прифатилиштето воопшто не е тргнато од буџетот и прифатилиштето е изградено. Прифатилиштето е завршено согласно она што е предвидено“, рече Бојкоски.

Претседателката на Советот денеска со чувство дека ребалансот го кроеле еден или двајца зад затворени врати.
„Истиот не содејствува со потребите и проблемите и она што е приоритет за граѓаните. Во текот на комисиите видовме различни информации, бројките од едниот до другиот ден не содејствуваа“, рече претседателката на Совет Габриела Илиевска.
Илиевска реагираше на ставката за средствата за прифатилиштето.
„Ќе се обратам на писмено повторно до градоначалникот да ми објасни кој ги правел пресметките, кои се тие стручни лица и експерти, бидејќи ние во овај момент сме доведени во ситуација за проект за кој минатата година општина Битола издала одобрение за градба, градоначалникот во буџетот го предложил проектот со сума која што била поддржана од советниците за да истиот проект денес ни биде кажано дека е економски не исплатлив“, рече Илиевска.

Левица поддржува стационар но не во зграда од три спрата.
„Според нас прифатилиште е убаво да има се трга голема сума на пари, тие пари според нас се распределуваат за спортот, стационарот е мислам направен, зградата би требало да претрпи некои измени а не од оние големи размери како што беше предвидено од 40 милиони денари. Даваме поддршка за стационарот за бездомни животни, ама не за толкава зграда како што беше предвидено од три спрата“, рече советникот од Левица Горан Велевски.

Втора жешка тема се парите кои со ребалансот треба да се обезбедат за спортот
„Планираме рамномерен развој во сите свери меѓу кои и во спортот. Тука општината планира да одвои 30 милиони денари за трите професионални спортови, меѓутоа и за индивидуалните спортисти“, рече советникот од Подем Златко Лозановски.
Во овај ребаланс и пари за спортот за што Илиевска е повторно збунета со различните бројки.
„Во четвртокот добивме едни бројки од советникот за спорт, во понеделникот на комисија добивме други бројки, на крајот на писмено добивме трети бројки, бидејќи очигледно во оваа општина мора да се почни да се работи се на писмено со потпис и печат и да знаеме кој стои зад тие информации“, рече Илиевска.

И Левица забележува дека не јасно за што се и за каде се парите за спортот.
„Тие повлекуваат огромна сума на пари без никакво конкретно образложение“, рече советникот Велевски.
За СДСМ ниту парите кои планираат да ги пренаменат за спортот не е капитална инвестиција.
„Тие планираат нешто од околу 30 милиони денари од кои што велат дека 28 милиони денари се за професионален спорт, меѓутоа не во капитални инвестиции, тоа се средства кои замислете во овие 6 месеци веќе потрошиле половина милион евра и ние до крај на година можеби ќе стигниме над 1 милион евра средства во некапитални продуктивни трошења“, рече Корлевски.

На денешната седница присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски.


















