Италијанското дуо гитара и пијано, Лапо Ванучи и Лука Ториџиани настапија во Офицерскиот дом во рамките на програмата на Интерфест. Ванучи е роден во Фиренца. Магистрирал со највисоки оценки summma cum laude. Се усовршувал на Екол Нормал „Акфред Корто“ во Париз и дипломирал со престижната „ Највисока диплома на концертист“.
Лауреат е на бројни награди.Премиерно ги извел делата за гитара на Тереза Прокачини, Луиџи Гашино, Франеско де Сантис, Матео Питино, Џузепе Краписи и Концертот за гитара и оркестар на Франческо Ди Фиоре. Свири на гитара која ја изработил за него познатиот јапонски градител, Масаки Сакураи.

Уметничката школа на Ториџиани започнува во 1992-та година со престижната турнеја во Јапонија, каде тој одржа и приватен почесен концерт за Царското семејство. Студирал во Музичката школа во Фиренца каде ги освоил највисоките оценки за пијано, оргули и композиција.Реализирал за краток период интензивна концертна кариера настапувајќи во цела Европа, Северна и Јужна Америка и Азија, во големите музички центри.
Го формира дуото со Лапо, кое инспирирало многу композитори да им ги посветат своите дела меѓу кои: Де Сантис, Франческо Ди Фиоре, Албино Тагео, Џузепе Краписи и други. Лука е и професор на Конзерваториумот во Падова и член на жири на многу меѓународни конкурси.


















