ТЕРА

REKLAMA???

Д ФЕСТИВАЛ ВО ФИНАЛНИТЕ НАЈДОБРИ 10 ФЕСТИВАЛИ ВО ЕВРОПА

Д Фестивал, водечкиот летен фестивал во Македонија е официјално избран меѓу топ
10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски Фестивалски Награди
(European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската
фестивалска индустрија.


По завршувањето на јавниот избор во кој за номинираните фестивали гласаше публиката
од цела Европа, Д фестивал влезе во потесната листа на 20 најдобри, а потоа, по
гласовите на меѓународно жири составено од водечки експерти од музичката индустрија,
Д Фестивал се пласираше и во финалниот „shortlist“ на најдобрите 10 фестивали во
својата категорија – историски успех и огромно признание за македонската независна
фестивалска сцена.
Според европските стандарди за музички фестивали, Д Фестивал е во најтесниот избор
во категоријата Најдобар мал европски фестивал, односно со капацитет 10.000
посетители дневно, а во финалето е заедно со фестивали од Швајцарија, Данска, Италија,
Холандија, Романија, Бугарија и Србија.


Д Фестивал влегува во финалето со најдобрите во 2025 како единствен настан од
Македонија, а во децениската историјата на фестивалските „оскари“ тој е втор
македонски фестивал кој успеал да се искачи до листата на 10 најдобри, по Таксират
кој се запиша во оваа селекција со своите изданија во 2016 и 2022 година.Следното издание на Д Фестивал веќе е закажано за 26-28 јуни во Штип, а објавен е и
првиот хедлајнер – IDLES – британските панк-рок ѕвезди и моментно еден од најважните
live бендови во светот, во зенитот на својата кариера пристигнуваат за прв пат кај нас!