ТЕРА

REKLAMA???

ЕВН ЗА ИЗГОРЕНИОТ НИСКОНАПОНСКИ СТОЛБ ВО НАСЕЛБАТА „БАИР“

По реакциите дека неколку дена има прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од населбата „Баир“ од ЕВН Македонија велат дека поради неконтролирано користење на електрична енергија, во четвртокот изгоре нисконапонски столб и кабли во населбата „Баир” и како резултат на тоа корисниците останаа без електрична енергија.

Според соопштението на ЕВН, екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен, а во петокот поради големото оштетување успеаја да го санираат поголемиот дел од дефектот, но не целосно. Поконкретно, изгорениот столб и еден кабел беа заменети со нови, со што дел корисниците во населението добија електрична енергија. Во наредните денови, а и денес, екипите продолжија со работа и е планирано до крај на денот да се доврши санацијата“ стои во соопштениет од ЕВН.