Вчера Мартин Иваноски од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, одржа прес конфеернција на железничката станица во Битола, од каде рече дека благодарение на неспособната власт, само еден воз има на релацијата Битола-Скопје.
„Реконструкција, рехабилитација и електрификација на железничката делница Велес – Битола, железнички патнички линии Прилеп – Битола, балкански патнички линии Прилеп – Битола – Солун и се неопходни на Битола и нејзините граѓани.
Оваа власт на ДУИ и СДС зборува за изолација, а не оставија затворени и со колабиран железнички сообраќај. Битола пред повеќе од еден век и 30 години имала железничката пруга Битола – Солун. Денес, на денот на македонските железничари, Битола е последната провинција, благодарение на вашата неспособност, криминал и корупција со едвај само еден воз кој што сообраќа Скопје – Битола.
Страшна лага е возот Битола – Лерин, две години нема ништо од тоа. Вие, “европски” ориентирани лажговци знаете само да манипулирате и да изнесувате невистини за јавноста. Не само што нема воз Битола – Лерин, туку лажевте дека ќе не поврзете дури и со Турција. Не само што не не поврзавте туку не сме биле во поголема изолација заради сиромаштијата и страшниот пад на економскиот стандард. Факт е дека како никогаш до сега младите секојдневно ја напуштаат државата. Оваа состојба е неодржлива, сите заедно да ги донесеме промените во Битола, во Македонија! И на крајот, нека им е честит денот на македонските железничари“ рече Иваноски.












