ТЕРА

REKLAMA???

ЕКОЛОШКАТА КАТАСТРОФА ВО ПРЕСПА НА СВЕТСКИ ФОТО НАТПРЕВАР

Еколошката катастрофа во Преспа го привлече вниманието на светски фото конкурс „Уметност за климатска правда“ на кој учествуваат фотографии од повеќе држави.

Татко и син се движат покрај повлечениот брег на Преспанското Езеро, подготвувајќи се за риболов. Огромната каллива површина околу нив е визуелен доказ за климатската криза, додека нивото на водата опаѓа.

Авторка на фотографијата е новинарката Емилија Петреска која е финалист во фото натпреварот кој во фокусот ги става климатските промени.

„Многу често слушам дека Преспанското Езеро исчезнува пред нашите очи и тоа неодамна лично и го посведочив. Таа поразителна слика и чувство на немоќ како поединец едноставно не те остава мирен. И како и секој во денешно време направив неколку фотографии што решив да ги споделам. Фото-конкурсот беше обид овие сцени да допрат до поширока јавност. Идејата беше да се прикаже како климатските промени ни ги обликуваат животите. Јас се фокусирав на прашањето – кој го носи товарот на климатските промени? А, она што сакав да го прикажам е дека токму идните генерации се оние кои најмногу ќе патат од мерките кои се уште не ги преземаме како држава.“-вели новинарката Петреска.

Композицијата намерно го врамува младиот човек. Неговата фигура, опкружена со обемот на еколошки загуби, станува централна точка на фотографијата. Тој не е само сведок на промената, туку и симболично ја носи нејзината тежина. Оваа фотографија служи како потсетник дека последиците од климатската криза директно ги наследуваат младите генерации.