Тешка победа оствари лидерот на табелата Еурофарм Пелистер на гостувањето во Кавадарци. Тимот на Бабиќ славеше со 26-32 на гости кај Тиквеш. Домаќините имаа сили за отпор само во првото полувреме кое го добија до 16-15. Во вториот дел, битолчани заиграа подобро и во одбраната и во нападот, прво на средина од полувремето за првпат дојдоа до два гола предност (18-20) и потоа не дозволија домаќинот да се врати во игра.
Јосип Божиќ Павлетиќ со гола беше прво име во победата на Е. Пелистер, додека Стипе Мандалиниќ даде девет гола, а кај Тиквеш се истакнаа Стефан Трпчевски со шест гола и Симиќ и Дрогришки кои дадоа по пет гола.
Во следното седмо коло од разигрувањето, в недела од 19:00 часот Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува Вардар 1961.


















